Facebook ги укинува лајковите за сите страници

Објавено на 11.01.2021 во Новости



Facebook ги укинува лајковите за сите страници

Facebook соопшти дека повеќе страниците нема да имаат преглед на бројот на лајкови туку единствено ќе се гледа бројот на следбеници.

Корисниците ќе може одредена страница само да ја следат со новото follow копче и на тој начин да стапат во интеракција преку нивниот news feed кој исто така ќе претрпи промени.

Од компанијата велат дека станува збор за поедноставување на користењето на страниците за поголема персонализација на страниците.