Ninja Cookie ќе ги "испотепа" тракерите на веб страните додека сурфате

Објавено на 11.01.2021 во Новости



Ninja Cookie ќе ги "испотепа" тракерите на веб страните додека сурфате

Доколку ви е здосадено постојано да притискате на изборот за "колачиња" или тракери на веб сајтовите кои ги посетувате новиот додаток за интернет прелистувачи Ninja Cookie ќе ви биде од голема корист.

Ninja Cookie треба да го забрза процесот на преглед на политиката за користење на веб сајтовите и поедноставно да сурфате на нет избегнувајќи ја долгата процедура за преглед, избор или исклучување на тракњрите кои се во оптег.

Додатокот е достапен за повеќето познати прелистувачи, односно го има во продавниците на Google Chrome, Firefox, Microsoft Edge, Opera, а достапна е и бета верзија за Safari од Apple.