Климатолозите предупредуваат на нов планетарен црн рекорд

Објавено на 12.01.2021 во Новости



Климатолозите предупредуваат на нов планетарен црн рекорд

Новата прогноза на британски Met Office вели дека концентрацијата на CO2 во атмосферата ќе биде околу 2,29 делови на милион (ppm) поголема во 2021 година во споредба со претходната година на мерната точка на Mauna Loa на Хаваите.

Вкупно гледано, тоа значи дека атмосферската концентрација на јаглерод диоксид ќе надмине 417 ppm помеѓу април и јуни и ќе биде 50% на повисоко ниво од 278 ppm, што е забележано во 18 век пред Индустриската револуција.Експертите предупредуваат дека треба да се забрза спроведувањето на мерките за намалување на емисијата на CO2 во атмосферата. 

Последен пат кога количеството на CO2 во атмосферата било постојано над 400 ppm било пред четири милиони години, во периодот кога глобалната температура во просек била потопла за 3 степени Целзиусови. Тоа е уште еден црн рекорд во константниот раст на концентрација на CO2 во атмосферата, истакнува д-р Хедер Грејвен од лондонски Imperial College.

Автор: Aleksandar Stankov