Новиот дрон на Sony специјално за фотографии и видеа

Објавено на 12.01.2021 во Новости



Новиот дрон на Sony специјално за фотографии и видеа

Sony за време на CES 2021 го демонстрираше нивниот прв дрон наречен Airpeak кој има форма на квадрикоптер со специјална опрема за полетување и слетување што овозможува голема контрола и сигурност.

Sony Airpeak дронот примарно е наменет за носење на акционата камера Sony Alpha за креирање на "воздушни" фотографии и видеа од птичја перспектива и нуди 4K HD резолуција.

Засега нема повеќе детали за цената и датумот на пуштање во продажба на Sony Airpeak.

Автор: Aleksandar Stankov