Google Stadia ќе се игра и на телевизорите на LG

Објавено на 12.01.2021 во Новости



Google Stadia ќе се игра и на телевизорите на LG

LG најави дека од втората половина на оваа година на нивните телевизори ќе биде достапна стриминг платформата за видео игри Google Stadia.

Google Stadia е достапна за Android TV на повеќе п модерни брендови, а ова ќе биде за прв пат да биде достапна како апликација на различна платформа, односно во конкретниот случај LG WebOS TV.

На корисниците ќе им биде потребна стандардната претплата за некој од пакетите на Google Stadia и контролер и ќе може да ги играат сите игри кои веќе ги откупиле.