Samsung Galaxy Z Fold2 ја добива стабилната верзија на One UI 3.0 и Android 11

Објавено на 12.01.2021 во Новости



Samsung Galaxy Z Fold2  ја добива стабилната верзија на One UI 3.0 и Android 11

Samsung Mobile ја стартуваше надградбата на флексибилниот смартфон Samsung Galaxy Fold Z2 со стабилната верзија на оперативниот систем Android 11 и корисничкиот интерфејс OneUI 3.0.

Samsung Galaxy Fold Z2 е практично еден од последните премиум смартфони од последната генерација кој стигнува до најновата софтверска надградба со што добива пристап до сите новитети во менито, интерфејсот и безбедноста.