Две погрешни лозинки и вечно ќе изгуби биткоини вредни 220 милиони долари

Објавено на 13.01.2021 во Новости



Две погрешни лозинки и вечно ќе изгуби биткоини вредни 220 милиони долари

Сопственик на биткоини со денешна вредност од над 220 милиони американски долари има можност уште два пати да ја згреши неговата лозинка која овозможува влез во крипто паричникот или засекогаш ќе ги загуби.

Германскиот програмер Штефан Томас кој живее во Германија биткоините ги добил како подарок во 2011 година и уште тогаш ја заборавил лозинката.

Како што скокаше цената на биткоинот така и Томас се обидувал да ја најде комбинацијата на неговата лозинка, но досега тоа го направил неуспешно осум пати и уште две грешки го делат од вечно блокирање на енкриптираниот дигитален клуч на неговиот крипто паричник.