Netflix ќе биде главно место за нови филмови цела година

Објавено на 13.01.2021 во Новости



Netflix ќе биде главно место за нови филмови цела година

Netflix најави амбициозна година со над 70 нови филмови за да прерасне во главен извор на филмска забава за фановите додека кино салите се затворени.

Според динамиката која ја најави стриминг платформата секоја недела ќе има премиера на најмалку еден филмски хит како замена за бокс офисот. 

Најавени се филмски проекти на голем број на популарни актери како и врвни режисери.