Трамп нема пристап ниту на YouTube

Објавено на 13.01.2021 во Новости



Трамп нема пристап ниту на YouTube

YouTube е најновата дигитална платформа која целосно го блокираше претседателот Доналд Трамп по крвавиот упад на Капитол Хил во Вашингтон за да се спречи ратификувањето на изборот на Џо Бајден за негов наследник.

YouTube во наредниот период нема да му дозволува на Трамп да го користи официјалниот канал и да објавува нови видео содржини преку кои може да се обрати до неговите следбеници.

Исто како и останатите платформи и апликации и YouTube тврди дека претседателот може да предизвика нива серија на насилни протести и физички пресметки како и да ги загрози демократските процеси.

Автор: Aleksandar Stankov