Маск "олеснат" за 14 милијарди и пад на второто место по богатство

Објавено на 13.01.2021 во Новости



Маск "олеснат" за 14 милијарди и пад на второто место по богатство

Технолошкиот и бизнис могул Елон Маск откако кратко го освои врвот како најбогат човек на планетата повторно се спушти на второто место откако по промената на вредноста на акциите на Tesla дојде и до промена во неговото богатство.

Според финансиските извештаи вредноста на Маск за еден ден е "олеснета" за околу 14 милијарди долари па така сега тој го држи второто место зад Џеф Безос кој има процената вредност од 182 милијарди долари.

Наглото и постојано зголемување на вредноста на акциите на Tesla се чини дека конечно е прекинато и доаѓа до стабилизација на берзите со тргување на нивните хартии од вредност, но со задржана доверба и страна на инвеститорите.

Поголеми промени се очекуваат по објавата на годишниот извештај за работата на Тесла и надворешни фактори како преземањето на претседателската функција од страна на Во Бајден во САД и состојбата со КОВИД-19 пандемијата.