Razer креирал смарт заштитна маска за заштита од вирус, со активна вентилација

Објавено на 13.01.2021 во Новости



Razer креирал смарт заштитна маска за заштита од вирус, со активна вентилација

CES 2021 во многу нешта се разликува од претходните изданија. Компаниите овој пат претставија многу уреди со цел да ги заштитат корисниците од COVID-19. Razer го претстави новиот проект Hazel, што претставува концепт на технолошки софистицирани заштитни маски со филтер N95, која добро изгледа и ќе биде привлечна за бројни гејмери.

Razer тврди дека маската има активна вентилација и автостерилизација, а дополнително може да се стерилизира со UV зраци во текот на полнењето со посебен додаток. Благодарение на дополнителните филтри и дезинфекцијата, тоа би можело да биде долгорочно решение за сите што не сакаат да фрлаат еднократни маски секој ден.