Facebook и Amazon ќе се бранат од одмаздата на Доналд Трамп!?

Објавено на 13.01.2021 во Новости



Facebook и Amazon ќе се бранат од одмаздата на Доналд Трамп!?

После скандалозната сцена во американскиот Конгрес, каде 5 лица починаа, многумина завршија со повреди, неколкумина се уапсени и им се заканува повеќегодишна затворска казна. Голем број на технолошки компании му свртеа грб на Трамп и неговите приврзаници.

Поради блокадата на Трамп, сега се очекува потенцијална одмазда кон Amazon и Facebook. Затоа потпретседателот на Amazon Web Services, Крис Вондерхар, ги предупреди вработените да бидат внимателни во врска со сите необични активности со дата центрите во следниот период. На вработените во Facebook им е советувано да не носат јавно одбележје од својата компанија, поради стравот од приврзаниците на Трамп.