Signal преземена 7,5 милиони пати за само 4 дена!

Објавено на 14.01.2021 во Новости



Signal преземена 7,5 милиони пати за само 4 дена!

Signal е најбараната апликација во последнава недела, која се смета за одлична алтернатива, откако WhatsApp ги промени правилата и условите на работа. 7,5 милиони корисници глобално ја инсталирале апликацијата во периодот од четврток до недела. 

WhatsApp изврши промени во употребата на апликацијата и ја наруши приватноста на многу корисници и личните податоци, па така Signal се смета како идеална алтернатива. Илон Маск на Twitter ги повика сите да ја користат Signal.