Samsung ќе понуди карбонски модул на камерата на Galaxy S21 Ultra

Објавено на 14.01.2021 во Новости



Samsung ќе понуди карбонски модул на камерата на Galaxy S21 Ultra

Samsung Galaxy S21 серијата ќе биде достапна во неколку бои за време на лансирањето: Phantom Violet и Phantom Black. Ќе има уште опции за оние што ќе сакаат да почекаат. Екстра бои ќе има со S21+ и уште три бои со S21 Ultra.

За предводникот Galaxy S21, Samsung креирал неколку „кориснички бои“ за Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra, кои ќе бидат достапни за корисниците по барање. Се разбира, ќе има одредени услови. Овие специјални побарувања за бои од производителот нема да бидат достапни преку малопродажните синџири и соработници на Samsung, туку само во онлајн Samsung Store.

Сите парчиња ќе бидат дел од „специјална продукција“ и нема да се доставуваат како стандардните парчиња. Така купувачот ќе мора да почека дополнителни 4-5 недели. Galaxy S21+ ќе биде достапен во Phantom Gold и Phantom Red бои. Ќе има и Phantom Black, Phantom White, и Phantom Violet.

Galaxy S21 Ultra ќе се продава иницијално во Phantom Black и Phantom Silver бои. Ако сакате да почекате, Samsung планира да го лансира моделот во Phantom Navy, Phantom Brown, и Phantom Gray. Екстра боите на S21 Ultra ќе бидат со редизајниран модул за камерата, што ќе биде покриено со карбонски финиш.