Ситно броиме: Samsung Galaxy S21 Ultra има поддршка за 120Hz со WQHD+

Објавено на 14.01.2021 во Новости



Ситно броиме: Samsung Galaxy S21 Ultra има поддршка за 120Hz со WQHD+

Samsung Galaxy S21 серијата веќе не е тајна. Веќе се знае речиси се, сите наши информации за новата серија на Samsung може да ги прегледате на овој линк.

Дисплеј од 120Hz со WQHD+

Galaxy S21 Ultra ќе биде со најновиот Exynos 2100, кој веќе дефинитивно е откриен и официјално. Американските и кинеските модели ќе бидат со Snapdragon 888 процесор. Моделот ќе биде достапен во три верзии, со: 12GB RAM + 128GB, 12GB RAM + 256GB, и 16GB RAM + 512GB, кој ќе биде првиот смартфон со поддршка за најбрзиот Wi-Fi 6E стандард.

Најмоќниот модел на Samsung ќе биде со 6.8 инчен AMOLED дисплеј, со поддршка од 120Hz и WQHD+ резолуција. Стапката на освежување може да биде најниска од 10Hz, во зависност од содржината што се прикажува. Екранот и задниот панел се заштитени од Corning Gorilla Glass Victus.

Неприкосновена камера

Јужнокорејскиот гигант тврди дека во споредба со Galaxy S20, S21 Ultra овозможува за 25% подобри и посветли слики, со светлост до 1,500 нити, што е највисок рекорд досега за Samsung телефон. Контрастот е за 50% подобар во споредба со ланскиот.

Galaxy S21 Ultra располага со четворна камера, со 108MP главен сензор, 12MP ултра-широк сензор, и два телефото модула од 3x и 10x оптички зум, што е новитет за Galaxy телефоните. Samsung е посебно горд на својот 108MP сензор, што е најголемо во својата класа. Системот на камерата користи бајнинг технологија за да комбинира 9 пиксели со цел да фати многу повеќе светлина. 

Имате новитет алатка наречена Video Snap, со која ќе можете да вадите слики од 8K видеа. Уредот ви овозможува да креирате 4K видео содржини од сите леќи, вклучувајќи ја и предната камера. 

Батерија

Батеријата изнесува 5,000mAh, која може да се наполни до 50% за само 30 минути. Телефонот доаѓа без полнач, и да, S21 Ultra е првиот од S-серијата што ќе биде со поддршка за S Pen. Се разбира, стилусот доаѓа како екстра алатка, што мора да се доплати за да ја добиете.

Dual Bluetooth

Новитет е Dual Bluetooth технологијата, која значи дека може да биде парирана со неколку уреди истовремено. Исто така има и интегриран ultra-broadband sensor (UWB), како и Galaxy SmartTag. За него веќе пишувавме дека доаѓа гратис, само доколку извршите преднарачка од денес.

Цена и достапност

Боите исто така веќе ги знаеме: Phantom Silver, Phantom Black, Phantom Titanium, Phantom Navy и Phantom Brown, при што телефонот има почетна цена од €1,249. 256GB моделот ќе биде €1,299, а најскапата варијанта од 512GB - €1,429. Останете со Телефони.мк, следиме во живо. Најновите информации следуваат наскоро.