Samsung Galaxy Buds Pro носат филмски звук во 2021

Објавено на 14.01.2021 во Новости



Samsung Galaxy Buds Pro носат филмски звук во 2021

Samsung Mobile на првиот голем Unpacked настан за 2021 година тргна со промоција на новите безжични премиум слушалки Galaxy Buds Pro кои нудат филмски квалитет на звукот што значи дека со нив ќе може уживате во филмови и серии со врвна репродукција на звук и сите звучни ефекти. 

Galaxy Buds Pro имаат квалитетни и цврсти материјали на изработка, со црна, виолетова и сребрена боја, IPX7 сертификат за заштита од попрскување со вода и надворешни влијанија, нудат батерија со капацитет од 472mAh која обезбедува 18 часа активна работа со вклучен режим на Active Noice Cancellation, а без ANC може да издржат и 28 часа со едно полнење.

Samsung Galaxy Buds Pro слушалките обезбедуваат неколку нови режими на работа како 360 аудио, снимање на звук преку нив и во комбинација со вашиот Galaxy смартфон, целосна синхронизација на работата со гласовниот паметен асистент Bixby како и Game Mode додека играте видео игри. 

Galaxy Buds Pro ќе бидат пуштени во продажба веќе од утре со цена од околу 200 долари, или за 50 долари поевтино од Apple AirPads Pro.