Официјално Samsung Galaxy S21 – Смартфон кој секојдневието ќе ви го направи епско

Објавено на 14.01.2021 во Новости



Официјално Samsung Galaxy S21 – Смартфон кој секојдневието ќе ви го направи епско

Samsung Mobile и оваа година ја применува философијата на иновации водени од човечките потреби, со идеја да го промени нашето секојдневие користејќи ги новите модели на Samsung Galaxy S21 премиум серијата на смартфони со, како што истакнаа на денешната Galaxy Unpacked 2021 презентации, епски размери.

Меѓу главните промени на Galaxy S21 серијата е нов дизајн на камерата со метално куќиште кое се вклопува во рамката на самиот смартфон со идентични три леќи според големината и просторот кој го зафаќаат. Сензорите имаат 12 мегапиксели за главната камера, 64 мегапикселна широка леќа за зум и 12 мегапикселна ултраширока леќа.

Во поглед на естетиката на Samsung Galaxy S21 обезбедени се повеќе комбинации на бои на маската во зависност од самиот модел, а во нив се вклучени виолетова, сива, бела, црна и розева.

Samsung вложи многу и во новиот AMOLED дисплеј на Samsung Galaxy S21, особено во стапката на освежување на сликата со потенцијал од 120 Hz која ќе работи со нова технологија за да се адаптира на самата содржина која се гледа на екранот. Тоа ќе обезбеди „мазно“ визуелно искуство, одлична брзина на движење и скролање и поголема длабочина на сликата со огромен степен на деталност и чистина.

Новитетот Eye Comfort Shield се активира навечер и преку паметна технологија го прилагодува филтерот за сина светлина за да се намали зрачењето за очите, како и корисниците да може полесно да заспијат.

Samsung Galaxy S21 има AMOLED дисплеј со големина од 6.2 инчи, додека пак Samsung Galaxy S21 Plus има големина од 6,7 инчи. Овие модели располагаат со досега најцврстото стакло на Samsung што ќе гарантира заштита од удари и напукнување.

Хардверот на Samsung Galaxy S21 е управуван од новите 5nm процесори Snapdragon 888 и Exynos 2100 во зависност од пазарот, со 5G модем за најбрза мобилна мрежа, 8 GB RAM, избор до 512 GB внатрешна вградена меморија и батерија со капацитет од 4000 mAh, односно 4800 mAh за поголемиот модел.

Цените ќе се движат од 799 до 999 долари за моделот со меморија од 128 GB, преднарачките започнуваат од утре со SmartTags и други бонуси, додека пак од 29 јануари веќе ќе бидат достапни за корисниците.