Samsung го претстави Galaxy S21 Ultra: епско искуство со паметни телефони

Објавено на 14.01.2021 во Новости



Samsung го претстави Galaxy S21 Ultra: епско искуство со паметни телефони

Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави Galaxy S21 Ultra, водечки уред за 2021 година кој носи супериорно корисничко искуство што целосно го менува концептот на паметен телефон. Galaxy S21 Ultra е опремен со професионални технологии за камера, најинтелигентен дисплеј и одлични перформанси. Она што е специфично за Galaxy S21 Ultra паметниот телефон е можноста да се користи S Pen пенкалото[1], со што S21 Ultra е првиот Galaxy S уред што нуди поддршка на пенкалото за максимална продуктивност и креативност. 

„Galaxy S21 Ultra е одличен пример за тоа како Samsung своите иновации ги посветува на корисниците, така што тие можат да го збогатат своето секојдневие според сопствениот животен стил. Без технологија денес не можеме нормално да функционираме и да останеме поврзани, затоа со овој уред сакаме да направиме чекор напред и да ги поместиме границите на она што е можно со паметните телефони.“, рече TM Roh, претседател и директор за мобилни комуникации, во компанијата Samsung Electronics.

Galaxy S21 Ultra е најновото поглавје во децениската долга традиција на S серијата во донесувањето на најсовремените иновации. Samsung Galaxy S21 Ultra е дизајниран за сите корисници кои го бараат само најдоброто од технологијата за да го донесат искуството со Galaxy паметниот телефон на сосема ново ниво.

Неверојатни иновации и дизајн што привлекуваат внимание

Посебен елемент на Galaxy S21 е секако новиот пристап кон дизајнот на паметниот телефон, кој го носи карактеристичното Contour Cut куќиште за камера, кое неприметно се вклопува во металната рамка на уредот, за елегантно и впечатливо естетско чувство. Galaxy S21 Ultra е достапен во фантомска црна и фантомска сива боја, а целиот уред е обложен со луксузно матиран завршен слој за особено софистициран изглед. Galaxy S21 Ultra е најголемиот уред во Galaxy серијата досега, со Dynamic AMOLED 2X дисплеј од 6,8-инчи[2]. Новитет е секако и можноста корисникот да не мора да бира помеѓу Quad HD+ квалитетот на дисплејот или брзината на освежување од 120 Hz - сега овие две компоненти се достапни истовремено. Брзината на освежување на екранот варира во зависност од содржината на опсегот од 10 до 120 Hz за да се обезбеди оптимална енергетска ефикасност и заштеда на енергија од батеријата. Кога ќе го споредиме со претходниот модел од Galaxy S20 серијата, S21 Ultra е опремен со сијалици кои светат за 1500 нити повеќе, т.е. 25 проценти помоќно[3], што е најсилно на Galaxy паметните телефони досега. Екранот е унапреден и со подобрен сооднос на контрастот од 50 проценти[4] за кристално чист и јасен приказ, дури и кога уредот се користи на отворено. Како и Galaxy S21 и S21+, S21 Ultra е опремен со опции за намалување на заморот во очите[5]. 

Најдобра камера од сите Samsung уреди

Samsung секако својот фокус го насочи кон можностите на камерата, поради што Galaxy S21 Ultra доаѓа со бројни опции засновани на вештачка интелигенција за снимање на врвни видеа и фотографии од студиски квалитет. Galaxy S21 Ultra доаѓа со четирикратна задна камера која се состои од ултра-широка, широка и двојна теле-фото камера. Камерата е опремена со pro сензор од 108 MP, со кој е можно да се сликаат 12-битни HDR фотографии[6] со 64 пати повеќе богатство на бои и три пати поширок динамички опсег[7]. Со Galaxy S21 Ultra, сега за прв пат во историјата на паметните телефони е можно да се снима видео во 4K квалитет со 60 FPS, што вклучува и предна и задна камера. Дополнително, можно е секоја слика да се уреди до најситните детали со помош на RAW датотека од 12 бити[8].

Galaxy S21 исто така доаѓа и со неверојатна Space Zoom функција што овозможува зумирање до 100 пати со помош на првиот систем со двоен објектив за кристално чисти снимки, без разлика на растојанието. Еден оптички објектив од 3х и еден од 10x, а двата имаат Dual Pixel (2PD) AF функција за јасни слики, дури и кога се во акција. Понатаму, користењето на камерата во ноќни услови за овој паметен телефон воопшто не претставува проблем, бидејќи Bright Night опцијата автоматски осветлува сцени во темни услови со подобрен ноќен режим на работа. И на крај, квалитетот на снимањето дополнително е подобрен со опциите за намалување на бучавата, како и со 12-мегапикселна Nona-binning технологија за правење врвни ноќни снимки.

Паметни опции за хипер брза поврзаност

Galaxy S серијата е веќе добро позната по своите мрежни технологии како UWB. Со вклучен UWB, корисниците можат да го испробаат и AR пребарувачот[9] за другите Galaxy корисници да испраќаат сигнали за да помогнат во пронаоѓањето на изгубените предмети. Посебен новитет претставува Android Auto™[10], кој во комбинација со апликацијата SmartThings може да се користи за управување со други паметни уреди во вашиот дом. Со само неколку допири, може да се прилагоди температурата во домот на корисникот или да се вклучат светлата на дворот при враќање од работа.  

Galaxy S21 Ultra е еден од првите уреди што поддржуваат Wi-Fi 6E стандард, што овозможува поголем проток на податоци и побрза интернет конекција[11], а непрекината забава секако ќе се обезбеди со поддршка за 5G мрежата[12]. За да во текот на управувањето со уредите заштедите енергија и да го поедноставите процесот, Galaxy S21 Ultra користи Dual Bluetooth® технологија  за синхронизација со повеќе уреди одеднаш и помага овие уреди како што се Galaxy Buds Pro да трошат помалку енергија.  

Galaxy S21 Ultra доаѓа со поддршка за S Pen пенкало, за прв пат досега. S Pen пенкалото со Wacom технологија[13] овозможува непречена употреба при цртање, уредување фотографии, земање белешки или потпишување документи.  

Современи перформанси и заштита

Galaxy S серијата на паметни телефони отсекогаш биле украсени со одлични перформанси, поради што Galaxy S21 Ultra работи со најнапредниот процесор досега[14] со повисок степен на енергетска ефикасност. Galaxy S21 доаѓа со инсталирана Samsung Knox Vault апликација -заштитна платформа заснована на сопствен чип (SoC) која дополнително ја штити меморијата од неовластени промени. Нова безбедносна можност на уредот претставува функцијата Private Share, што му овозможува на корисникот да контролира кој добива пристап до споделената содржина и колку долго е достапен за употреба. Батеријата на Galaxy S21 Ultra ќе биде полна до 50 проценти[15] за само половина час[16].

Нарачките во претпродажба ќе траат од 14 до 28 јануари 2021 година, преку следниот линк:  https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s21/. Сите корисници што во текот на промотивниот период ќе го нарачаат новиот Samsung Galaxy S21 Ultra 5G, ќе го добијат за подарок новиот Samsung SmartTag локатор и Galaxy Buds Pro безжичните слушалки. 

Препорачаната малопродажна цена за Galaxy S21 Ultra (5G 12/128GB) ќе биде 74.999 денари.

Повеќе информации за новиот Galaxy S21 Ultra паметен телефон може да најдете на  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-ultra-5g/ како и на  https://www.samsungmobilepress.com/.