Samsung го потврди новиот тренд со мобилни без полначи и слушалки

Објавено на 15.01.2021 во Новости



Samsung го потврди новиот тренд со мобилни без полначи и слушалки

Samsung вчера ја претстави новата генерација на телефони од Galaxy S серијата со три топ модели. Она што не е вклучено е полначот во пакувањето.

Трендот го започна Apple со новиот iPhone. Samsung сака да го „намали притисокот врз корисниците поради постојаното примање на непотребни полначи со новите телефони“. Нагласуваат дека уште од 2017 година го воведоа стандардот со USB-C, така што корисниците со постари телефони веќе имаат полнач што може да се користи со најновата генерација на нивните смартфони.