Greyscale за една година профитираше со 18 милијарди од биткоин

Објавено на 15.01.2021 во Новости



Greyscale за една година профитираше со 18 милијарди од биткоин

Компанијата Greyscale управува со инвестирање во биткоини, која започна со работа во 2020 година. Почетната инвестиција на компанијата беше 2 милијарди долари, а сега располага со над 20,2 милијарди долари, благодарение на огромната побарувачка од институционалните инвеститори - хеџ фондови и пензиски фондови.

Greyscale го има својот систем наречен Bitcoin Trust, кој прерасна во многу популарна трговска алатка за инвеститорите. Тоа е продукт со изложеност на криптовалута без да поседуваат криптовалута. „Веќе нема професионален ризик да се инвестира во класата на средства за дигитални валути, веројатно има поголем ризик од кариерата да не се обрне внимание на тоа“, изјави извршниот директор Мајкл Соненхајн.