Трамп во последните денови како претседател започна војна со Xiaomi

Објавено на 15.01.2021 во Новости



Трамп во последните денови како претседател започна војна со Xiaomi

Американскиот претседател Доналд Трамп иако има уште неколку дена од мандатот реши да започне војна со уште еден кинески бренд кого го става на цената листа преку Министерството за одбрана нарекувајќи воено-комунистички инструмент на кинеската Влада.

Трамп остана до последен миг доследен на неговите заложби за трговска војна со Кина и очекувано беше да го таргетира Xiaomi кои според бројот на продадени смартфони е подобар и од Apple иако нема големо пазарно учество во САД.

Од Xiaomi истакнаа дека не се загрижени од постапките на Трамп. 

„Xiaomi ги почитува законите и работи во склад со регулативите на сите пазари. Ќе ги преземе соодветните мерки за да ги заштити своите и интересите на акционерите“, стои во официјалното соопштение на Xiaomi.



Прочитајте повеќе: