WhatsApp ги одложи споделените податоци со Facebook за три месеци

Објавено на 16.01.2021 во Новости



WhatsApp ги одложи споделените податоци со Facebook за три месеци

WhatsApp одлучи да го одложи споделувањето на податоците за три месеци со Facebook откако корисниците изразија гнев дека нивната приватност ќе биде загрозена.

Од WhatsApp велат дека јавноста треба да биде подобро информирана за соработката со Facebook под чија сопственост спаѓа и дека никој нема да може да ги чита пораките на корисниците, но повеќето немаат доверба.

Во меѓувреме конкурентите на WhatsApp како што се Signal и Telegram добија десетици милиони нови корисници кои се откажуваат масовно од WhatsApp.