iPhone 13 ќе понуди новитет кој Android уредите го имаат со години

Објавено на 16.01.2021 во Новости



iPhone 13 ќе понуди новитет кој Android уредите го имаат со години

Apple оваа година планира да лансира iPhone 13 со новитет кој дел од Android премиум смартфоните го имаат веќе со години, а е поврзан со биометриката за заштита на корисниците.

Според најновите информации iPhone 13 моделите ќе располагаат со вграден скенер за отпечатоци под самиот дисплеј за поголема прецизност, како и заштеда на простор на предната површина без потреба од физички копчиња.

Истовремено iPhone 13 ќе го задржи и Face ID скенерот за преглед на лицето на корисникот и соодветна регистрација.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: