На пазарот има недостаток на чипови, дел е вина на Трамп

Објавено на 17.01.2021 во Новости



На пазарот има недостаток на чипови, дел е вина на Трамп

Фабриките за автомобили во САД и некои други делови од светот ќе мора на одредено време да го намалат или прекинат производството на автомобили. Причината не е намалена побарувачка за возила или пробивање на коронавирусот, туку во недостатокот на чипови.

Производството е стопирано во американските фабрики на Ford Motor, Subaru и Toyota во САД, како и во некои фабрики на VW, Nissan и Fiat Chrysler Automobiles. Една од причините за недостаток на чипови е одлуката на Доналд Трамп, која се однесува на кинеските компании, со која им наметна забрана за користење на американската технологија. 

Главната причина е сепак во големата побарувачка за потрошувачка електроника, која е забележана во текот на минатата година. Поради пандемијата и работа од дома порасна побарувачката за чипови за лаптопи и играчки конзоли, како и бројни други уреди.