Pfizer потврди дека ќе има доцнење во испораката на вакцините
Објавено на 17.01.2021 во Новости
„Pfizer и BioNTech направиле план што ќе овозможи зголемување на производствените капацитети за Европа, како и испорака на значително поголем број на дози на вакцини во второто тримесечје“, соопштуваат двете фирми.
ЕУ земјите што нарачале вакцини од Pfizer/BioNTech стравуваат дека испораката на дозите би можеле да стигнат со задоцнување од „три до четири недели“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави во петокот дека Pfizer и гарантирал дека навремено ќе ги достави предвидените дози за првото тримесечје.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.