Вселенската капсула на Џеф Безос се поблиску до лет со човечки екипаж

Објавено на 17.01.2021 во Новости



Вселенската капсула на Џеф Безос се поблиску до лет со човечки екипаж

Blue Origin, приватната вселенска компанија во сопственост на Џеф Безос, го реализираше 14-от пробен лет со вселенската каспула New Shepard која има простор за екипаж од шест членови.

Оваа капсула може да се употребува повеќе пати бидејќи откако ќе се вивне во атмосферата на височина од околу 100 километри потоа се враќа на планетата и со падобрани безбедно слетува.

Со New Shepard се планираат приватни туристички тури и бидејќи лансирањето се прави со ракетите на Blue Origin воопшто не е потребен пилот. 

Првиот пробен лет со човечки екипаж ќе треба да се реализира некаде во април годинава.

Автор: Aleksandar Stankov