Е-книгите на Amazon имале вештачки високи цени, голема тужба од корисници

Објавено на 17.01.2021 во Новости



Е-книгите на Amazon имале вештачки високи цени, голема тужба од корисници

Група на корисници во САД покренаа колективна тужба против Amazon затоа што сметаат дека група на издавачи на електронски книги одржувале вештачки превисоки цени за нивните содржини злоупотребувајќи ја доминантната положба на технолошката компанија.

Според покренатата тужба Amazon и издавачките куќи Penguin Random House, Hachette, HarperCollins, Macmillan и Simon & Schuster преговарале за цените на е-книгите, со што потрошувачите плаќаат повеќе за нив кога купуваат на други платформи.

Во тужбата Amazon е наведен како главен виновник додека пак издавачите од големата петорка се наведени како соучесници. Против издавачите беше покрената тужба и претходно, но преку платформата на Apple по што цените беа спуштени, но со новите преговори со Amazon повторно се поскапени. 





Прочитајте повеќе: