BMW е број еден омилен луксузен бренд во САД!?

Објавено на 18.01.2021 во Новости



BMW е број еден омилен луксузен бренд во САД!?

Германскиот автомобилски бренд BMW продал 278.732 автомобили во САД, што е пад од 17,7% во споредба со претходната година. На второ место е Lexus со 275.041 продадени парчиња, што е еднакво на пад од 7,5% во споредба со претходната година. На трето место е Mercedes со 274.916 продадени автомобили и пад од 13%.

На 4 четврто место е Audi со 186.620 продадени примероци, петти е Cadillac со 129.495 продадени автомобили, па Volvo (110.129), Lincoln (105.410), Infiniti (79.502) и Porsche (57.924). Само Volvo од сите брендови доживеал раст од 1,8% во споредба со претходната година. 

Најпродаваниот автомобил на BMW е моделот X3, со 59.941 продадени примероци. 



Прочитајте повеќе: