Facebook и Google си направиле пакт за помала конкуренција

Објавено на 18.01.2021 во Новости



Facebook и Google си направиле пакт за помала конкуренција

Технолошките гиганти повторно се под лупата на регулаторите откако е поведена истрага за монополско постапување. 

Facebook и Google наводно склучиле меѓусебен таен договор со кој можеле полесно да манипулираат со цените на откуп на дигиталните огласи преку нивните платформи за да ја задржат доминантната позиција.

Facebook и Google наводно се договориле за начинот на откуп на рекламен простор за пласирање на нивните реклами преку веб сајтови, а истите поволности не ги нуделе за други партнери или огласувачи. Процедурата ќе се води преку антимонополските власти во САД.