Xiaomi Mi Note 10 Lite глобално добива надградба со Android 11
Објавено на 19.01.2021 во Android

Xiaomi го објави MIUI 12.5 корисничкиот интерфејс во декември, но се уште не е тестиран до крај. Затоа корисниците сега добиваат само надградба со Android 11, но без MIUI 12.5.
Новиот Android 11 за Xiaomi Mi Note 10 Lite тежи 2,3GB и содржи многу подобрувања во безбедносните ставки, ги поправа грешките, го оптимизира системот и ја има најновата безбедносна закрпа. Ажурирањето со Android 11 важи за цел свет и веќе треба да биде достапно за сите корисници глобално.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.