General Motors засега само со концепт за летечко такси

Објавено на 19.01.2021 во Новости



General Motors засега само со концепт за летечко такси

General Motors ќе влезе дронската трка со останатите конкуренти претставувајќи го сопствениот автономен летечки дрон кој ќе служи за такси превоз првенствено, а потоа и за лични употреби.

Додека Дубаи има најамбициозни да биде првиот град во светот со летечки автомобили за личен и такси превоз, General Motors засега претставува само концепт за тоа како би изгледал нивниот производ.

eVTOL Air Taxi на General Motors ќе има можност за вертикални полетување и слетување со четири пропелери како еден вид на квадрикоптер, а ќе има удобен и широк ентериер за комфорен лет на патниците и ќе може да се движи со брзина од 100 км/ч што за беспилотно летало и не е така занемарливо.