Големи промени во новиот Chrome за безбедност и функционалност

Објавено на 20.01.2021 во Новости



Големи промени во новиот Chrome за безбедност и функционалност

Google ја претстави новата верзија на Chrome интернет пребарувачот со број 88 која како главни измени ги носи подобрувањата во менаџирање со корисничките сметки и налози како и поголема безбедност на лозинките.

Chrome ќе ги анализа вашите лозинки во Password Manager и ќе ви укажува доколку истите се подложни на пробивање како и да ви дава предлози за силни лозинки кои ќе може да ги менаџирате.

Вметнати се повеќе подобрувања за пребарување низ табови, како и подобар менаџмент на различни кориснички профили кои постепено ќе бидат дел од Chrome 88 надградбата за сите мобилни и десктоп платформи.

Автор: Aleksandar Stankov