Xbox ја доби битката за САД, но Sony Playstation 5 доминира на пазарот

Објавено на 21.01.2021 во Новости



Xbox ја доби битката за САД, но Sony Playstation 5 доминира на пазарот

Xbox со новата гејминг конзола од серијата X успеа да го освои американскиот пазар, особено со лансирањето за време на празничната сезона, но тоа не значи дека ја доби и војната со Sony.

Според најновите податоци Sony Playstation 5 има освоено две третини од светскиот пазар на нови конзоли за видео игри и успеа да продаде досега 4,5 милиони примероци.

Playstation 5 успехот го должи пред се на квалитетните ексклузивни наслови кои не може да се најдат на другите платформи како и посветеноста на гејминг заедницата.