Xiaomi: Целосно сме усогласени со законските прописи

Објавено на 22.01.2021 во Новости



Xiaomi: Целосно сме усогласени со законските прописи

Xiaomi и натаму стои цврсто на ставот дека не е под контрола на ниту една влада и дека целосно е усогласена со законските прописи.

Xiaomi одговори на нападите од Доналд Трамп поставени преку Министерството за одбрана. Xiaomi истакнува дека не е воено-комунистички компанија во служба на кинеската Влада.

Од Xiaomi истакнуваат дека не се под никаква контрола на армијата на Кина и дека обезбедуваат услуги единствено за комерцијалниот сектор почитувајќи ги сите законски прописи во земјите во кои имаат бизнис.

Овој проглас на Трамп не го става Xiaomi на истата листа како и Huawei што значи дека засега нема забрана за тргување со САД или нивните сојузници, но допрва ќе треба да се видат последиците од отворениот судир.