Илон Маск нуди огромна награда за решавање на проблемот со јаглеродниот диоксид

Објавено на 22.01.2021 во Новости



Илон Маск нуди огромна награда за решавање на проблемот со јаглеродниот диоксид

Милијардерот Илон Маск на Twitter објави дека ќе обезбеди огромна награда од 100 милиони долари за најдобарата иновација која ќе понуди решавање на проблемот со глобалното затоплување. 

Научниците бараат начини како најдобро да се справат со собирање на јаглеродниот диоксиод кој се испушта во атмосферата преку согорување на фосилни горива и истиот предизвикува раст на температурите на планетата кои се закануваат со уништување на условите за живот и нарушување на еко системите. 

Претходно Џеф Безос кој е во трка со Маск за позицијата најбогат човек на земјата понуди фонд од 10 милијарди долари за грантови наменети за борба против климатските промени.