Google најави можна блокада на пребарувачот во Австралија

Објавено на 22.01.2021 во Новости



Google најави можна блокада на пребарувачот во Австралија

Поради битката со медиумскиот конгломерат News Corp, Google е можно да се исклучи во Австралија. Компанијата со најголем сервис за пребарување во светот, тврди дека неговите 19 милиони австралиски корисници ќе се соочат со намалена можност за пребарување и користење на YouTube, доколку новиот закон се спроведе.

Австралија е на патот да усвои нови закони со цел да ги натера технолошките гиганти да преговараат за плаќањето со локалните издавачи и емитери за содржината вклучена во резултатите на пребарувањето или вестите. Ако договорот не може да се постигне, за цената ќе одлучи арбитерот што ќе го именува владата.