Херберт Дис од Volkswagen најави револуција со нов предводник на пазарот

Објавено на 23.01.2021 во Новости



Херберт Дис од Volkswagen најави револуција со нов предводник на пазарот

Volkswagen има големи планови за иднината преку електрификација. Германскиот автомобилски гигант вложува милијарди евра во развој на електрични возила и батерии, оти иднината на оваа индустрија не е во мотори со внатрешно согорување, туку во моторите со електрична енергија.

Volkswagen сака да ја пречека оваа транзиција тотално спремен, како еден од лидерите на пазарот. Како најважен автомобил како клучен фактор за таа транзиција е ID.3, електричното возило со голема симболика. Бројот 3 е дека после Buba и Golf, ќе биде трет најважен модел во историјата на компанијата. Покрај него, развива и цела друга палета на нови автомобили од SUV категоријата, моделот ID.4.

 

Херберт Дис, првиот човек на компанијата, го најави проектот Trinity на Twitter, со којшто планираат да направат револуција на пазарот. Со тоа новинарите предвидуваат дека се работи за нов предводник модел на пазарот.