Масовно одлогирање на корисниците на Facebook

Објавено на 24.01.2021 во Новости



Масовно одлогирање на корисниците на Facebook

Корисниците на Facebook во текот на викендот имаа големи проблеми со социјалната мрежа и скролање на содржините поради грешка која најверојатно е по вина на самата компанија, ане поради некој хакерски упад.

Главниот проблем е што корисниците се соочиле со замрзнување на почетниот екран по што автоматски биле одлогирани.

По некое време корисниците може повторно да се лоцираат и да скролаат низ нивниот тајмлајн без никакви проблеми. Од Facebook работат на откривање на причините за одлогирањето на корисниците.