TikTok девојчето од Италија го отвори прашањето колку родителите се посветуваат на децата

Објавено на 25.01.2021 во Новости



TikTok девојчето од Италија го отвори прашањето колку родителите се посветуваат на децата

Кинескиот TikTok е моментално најпопуларната интернет социјална мрежа, со над 800 милиони месечно активни корисници. Апликацијата е преземена над 2 милијарди пати.

Неодамна се појави случај со задавено девојче во Италија, кој ја разбрани јавноста од цел свет. Истото учествувало во предизвик за најдолго издржување без воздух и така се задавило со каишот што го стегнала околу врат. За ваквите случаи може родителите да посветат повеќе време на своите деца, со тоа што ќе ги учат да разликуваат добро и зло. 

Факт е дека децата не може да се контролираат 100%, оти секој има по еден смартфон во џеб. Меѓутоа, мора да се разговара со нив и да им се објасни што треба, а што не треба да прават. 

Автор: Aleksandar Stankov