SpaceX лансирал најголем број на сателити во една мисија - дури 143

Објавено на 25.01.2021 во Новости



SpaceX лансирал најголем број на сателити во една мисија - дури 143

Ракетата Falcon 9 на SpaceX полетала во недела во вселената, носејчи најголем број на сателити досега, соопшти компанијата. Ракетата е лансирана од Cape Canaveral во Флорида, во 10.00 часот по нивно време, или 16.00 часот по средноевропско време.

Енди Трен, челникот на SpaceX, вели на видеото од лансирањето, дека „Falcon 9 пренесува 133 комерцијални и владини сателити, и 10 сателити на SpaceX. Ова досега е најголем број на сателити што се превезуваат во една мисија“, вели Трен.