533 милиони телефонски броеви на Facebook се продаваат преку бот на Telegram
Објавено на 26.01.2021 во Новости
Некој ја пробил заштитата и дошол до базата на податоци, полна со броеви телефони од Facebook корисници и моментално се обидуваат да ги продадат преку бот на популарната апликација за чет - Telegram.
Безбедносниот пропуст го открил експерт за кибернетска безбедност Алон Гал и предупредува дека тој што управува со ботот, тврди дека има информации за 533 милиони корисници на Facebook. За да биде ситуацијата уште полоша, податоците произлегуваат од безбедносниот пропуст што Facebook го закрпил уште од 2019 година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.