Полицијата преку Apple Watch пронајде киднапирана жена во Тексас

Објавено на 26.01.2021 во Смарт часовници



Полицијата преку Apple Watch пронајде киднапирана жена во Тексас

Носечките уреди може да го подобрат здравјето на своите сопственици, а во некои случаи може и да спасат живот. Некоја жена била киднапирана од Тексас, а била пронајдена благодарение на фактот што имала Apple Watch.

Жената на паркинг почнала да се расправа со некој маж и потоа едноставно исчезнала. Нејзината ќерка ја слушнала расправијата, а сфатила дека нешто не е во ред кога слушнала врисок, по што настанала тишина. Жената ја повикала ќерка си преку Apple Watch со цел да и каже дека мажот со којшто се расправала ја киднапирал. Ќерката го пријавила сето тоа на полицијата, која преку лоцирањето на Apple Watch ја пронашла киднапираната жена.