30 нови 5G фабрики во Кина ќе се изградат до 2023!?

Објавено на 26.01.2021 во Новости



30 нови 5G фабрики во Кина ќе се изградат до 2023!?

Кина сака да изгради 30 поврзани 5G фабрики во клучните индустриски области, најдоцна до 2023 година. На тој начин ќе се забрза развојот на интернетот преку олеснетата интеграција со 5G брзините, велат до кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија.

„Ќе бидат изградени 3 до 5 индустриски Интернет платформи со меѓународно влијание, како и еден центар за големи податоци за индустриски интернет до 2023 година“, се наведува во акцискиот план за развој на индустриски интернет.