Со една апликација владејте со сите чатови

Објавено на 26.01.2021 во Новости



Со една апликација владејте со сите чатови

Beeper итро позајмувајќи го популарниот израз за пејџерите од 90-тите години е нова апликација која на едно место обединува 15 чат апликации сите од различни платформи и системи.

Beeper е премиум сервис кој овозможува чат клиент за сите 15 различни апликации како Facebook Messenger, Instagram Direct, Twitter DM, Signal, Telegram, WhatsApp, Google Hangouts, па дури и Apple iMessages кои функционираат само на iPhone смартфоните.

Тоа не е пречка за  Beeper од каде наоѓаат начини како да ги заобиколат правилата на Apple за користење на iMessages сервисот за пораки. Beeper исто така подржува и SMS и IRC формати на пораки.

За да го користите чат клиентот ќе треба да издвоите по 10 долари месечно, па за субјекти кои имаат голем број на профили и сакаат централизирано место за допишување ова може да биде одлично решение.