Новите OLED панели на Samsung Display се 16% поефикасни

Објавено на 27.01.2021 во Новости



Новите OLED панели на Samsung Display се 16% поефикасни

OLED панелите на Samsung Display се одликуваат со висока енергетска ефикасност, кои овој пат ги имаме кај најскапиот S21 Ultra. Не само што ќе троши помалку енергија и батерија, туку и екранот е посветол за подобро корисничко искуство.

Подобрената енергетска ефикасност е за 16%, затоа што OLED има органски диоди што емитуваат светлина. Притоа Samsung има нов материјал што ја зголемува брзината на движењето на електроните, па на тој начин се зголемува светлоста. Идните OLED панели Samsung може да ги произведува и за другите производители, тврдат аналитичарите. 

Автор: Aleksandar Stankov