Веднаш надградете го софтверот ако користите iPhone или iPad

Објавено на 27.01.2021 во iOs



Веднаш надградете го софтверот ако користите iPhone или iPad

Apple соопштува дека има нов софтверска надградба за iOS. iOS 14.4 доаѓа со безбедносни закрпи за три безбедносни пропусти што „можеби активно се искористуваат“. Apple не сакал да го коментира тоа што евентуално некој го злоупотребува и не знаеме колкав е бројот на злоупотребени смартфони поради пропустите.

Пропустите се откриени во WebKit, машината за прелистување на веб, кој го користи Safari и во јадрото, еден од основните делови на оперативниот систем. Аналитичарите сметаат дека хакерите за време на нападот прво ги таргетираат безбедносните пропусти во прелистувачите на интернет страниците и преку нив добиваат пристап кон оперативниот систем.