Samsung Galaxy A52 и A72: Излегуваат наскоро, цените се познати

Објавено на 27.01.2021 во Новости



Samsung Galaxy A52 и A72: Излегуваат наскоро, цените се познати

Најевтиниот Samsung 5G смартфон досега е Galaxy A32 5G, а со него, рамо до рамо одат Galaxy A52 и Galaxy A72. Двата модела треба да излезат на пазарот во ова тримесечје, а ќе пристигнат во 4G и 5G верзија.

Samsung Galaxy A32 5G моментално е достапен за цена од 280 евра во Европа, додека следните модели од 5-серија и 7-серија ќе бидат секако поскапи. GalaxyClub открива дека цената на Galaxy A52 128GB во 4G верзија ќе биде 369 евра, 256GB верзијата ќе биде 429 евра, а додека 5G верзијата со 128GB ќе биде 449 евра, а 5G верзијата со 256GB ќе биде 509 евра.

Цените за 5G верзиите на Galaxy A72 се уште се непознати, додека 4G моделот за 128GB ќе биде 449 евра, а 256GB ќе биде 509 евра. Samsung Galaxy A52 и A72 се очекуваат да бидат претставени на почетокот на февруари.