Самите корисници на Twitter ќе се борат со лажни вести преку Birdwatch програмата

Објавено на 27.01.2021 во Новости



Самите корисници на Twitter ќе се борат со лажни вести преку Birdwatch програмата

Twitter најави нова програма наречена Birdwatch преку која самите корисници ќе може да се вклучат во борбата со лажните вести, вметнувајќи белешки на твитовите со спорна содржина кои може да имаат штетно влијание врз општеството.

Целта на Birdwatch е да спречи мислење дека Twitter воведува еднострана цензура. За еден твит да биде обележан или остранет ќе треба да има соодветни белешки кои ќе дадат контекст на тоа што е кажано и дали ако носи лажно тврдење може да предизвика раздор или дезинформираност.

Засега во програмата Birdwatch ќе бидат вклучени околу 1000 корисници кои ќе ги проверуваат фактите на содржините кои се објавуваат на Twitter и тоа само во САД. За почеток белешките ќе се објавуваат само на страната на Birdwatch, а потоа би се интегрирале и во стандардната верзија на Twitter.