Колку ќе ве чини туристички аранжман во вселената?

Објавено на 27.01.2021 во Новости



Колку ќе ве чини туристички аранжман во вселената?

Првите вселенски туристи ќе полетаат најрано следната година, а како дестинација ќе им биде Меѓународната вселенска станица. Екипажот ќе биде составен од четири цивили кои ќе ја реализираат првата приватна вселенска посета на МВС.Зад оваа мисија стои американската компанија Axiom Space која ќе го користи леталото Crew Dragon во развој на Space X на Илон Маск. Еден билет за вселенски туризам ќе чини 55 милиони долари. Командат на мисијата ќе биде Мишел Лопез-Алегриа кој има дводецениско искуство како астронаут на НАСА, а пилот ќе биде Лер Конор бизнисмен и инвеститор. 

Нив ќе ги придружуваат Марк Пети инвеститор од Канада и Ејтан Стибе инвеститор од Израел. Тие ќе се задржат осум дена во американскиот дел од МВС и ќе спроведуваат научни истражувања финансирани од приватни средства.