Apple со историски највисока заработка со iPhone

Објавено на 28.01.2021 во Новости



Apple со историски највисока заработка со iPhone

Apple заработи над 100 милијарди долари во последниот квартал од 2020 година. iPhone е со учество од 59% во приходите на компанијата во периодот на празниците, при што продажбата на iPhone е зголемена за 17% од неверојатните 65,6 милијарди долари за еден квартал.

Во споредба со претходниот празничен период, продажбата на iPhone сега е зголемена за 7,6%. Според IDC, компанија за истражување на пазарот, Apple испорачал 90,1 милиони смартфони во последниот квартал. „Ова се смета за најголема заработка во кој било квартал, откако IDC започна да ја следи продажбата на смартфони“, вели аналитичарот Франциско Ѓеронимо.

Тим Кук, изјави дека заработката на iPhone ќе била и поголема, доколку не се случеа затварањата на продавниците поради пандемијата. 





Прочитајте повеќе: